Скулптура за воените страдања
Членовите на семејствата на починатите војници се прегрнуваат за време на церемонијата на посветување на новата скулптура Every Drop Shed in Anguish на австралискиот воен споменик во Канбера, четврток, 22 февруари 2024 година. Скулптурата на Алекс Сетон е составена од 18 уникатни капки мермер, некои со тежина до 3.000 кг, што претставува крв, пот и солзи пролеани од оние кои се погодени од воена служба. Source: AAP / MICK TSIKAS/AAPIMAGE
Кони Боглис, Австралијанка со македонско потекло и неуморен поборник за подобрување на животот на воените ветерани и нивните семејства, разговара за новата комеморативна скулптура, ‘For Every Drop Shed’, на уметникот Алекс Сетон и официјалното поставување на уметничкото дело во дворот на Aвстралискиот воен споменик во Канбера на 22 февруари, 2024.
Share