Мултикултурни перспективи на 26 јануари: Ден за прослава или жалост?

Untitled design (2).png

Ендрју Гаи, Меги Ајда Бленден и комесарката Мина Синг ги споделуваат своите перспективи за Денот на Австралија. Credit: Supplied

Некои го слават Денот на Австралија со патриотска гордост, други жалат и протестираат. Како треба да го одбележиме 26 јануари и дали можеме да се гордееме со својата држава, а истовремено да бидеме против неправдата?


Откако добил државјанство, Ендру Гај гордо го славел Денот на Австралија.

Како бегалец од Јужен Судан, Ендру немал можност да одбележува национален празник, па учествувал прославите за Денот на Австралија со гордост.

Но, кога започнал да разговара со членови на домородната заедница во Мелбурн, почнал да се прашува дали треба да се слави 26 јануари.

„Денот на Австралија за домородните луѓе, исто така, потсеќа на трауми од колонизацијата и тоа е нешто што можеме да промениме“, вели тој.

Би сакал еден ден сите Австралијци, без разлика на нивното потекло, да бидат среќни на тој ден.
Редовно на 26 јануари, Меги Бленден и други членови на заедницата Палава маршираат по улицата Елизабета во центарот на Хобар, сеќавајќи се на своите предци кои го загубиле животот и како протест против тековните последици на колонизацијата.

Таа се сеќава на минатото кога локалните жители вербално го малтретирале нејзиното семејство за време на протестот.

„Луѓето не навредуваа, но тоа повеќе не се случува... Во текот на годините, голем број луѓе ни се приклучија. Имаме сојузници кои одат рамо до рамо со нас,“ рече таа.

За дебатата околу Денот на Австралија, и Меги и Ендру веруваат дека патот напред мора да вклучива емпатија и поврзаност.

„Ги охрабрувам луѓето да разговараат со нашите домородни луѓе.“ вели Ендру.

„Така, ќе бидеме повеќе информирани за тоа што значи иднината и празници како Денот на Австралија за сите нас.“

„Кога учиме еден од друг, стануваме најголеми сојузници.“ додава Меги.

Како треба да го одбележиме 26 јануари и дали можеме да се гордееме со својата држава, а истовремено да се спротивставуваме на неправдата?

Share