Ретроспективната збирка ги опишува болката и незнаењето што ја опкружуваа недијагностицираната шизофренија на нејзината мајка.
Борејќи се да го одржува семејниот дом и да се грижи за својот брат, додека нејзината мајка се борела со 'гласовите во нејзината глава', Катерина илустрира како љубовта и разбирањето беа клучни, за конечно да го смени правецот на менталната нега на нејзината мајка Снежана, многу години подоцна.
Патешествието на Митревска низ нејзиното тешко детство ја втурнало во 'размислување и прекумерно размислување, живеење во моите мисли'… додека долгогодишното заглавување на прашањето 'зошто' и ја всадило горчливата реализација ...'Детството ми одлета'.
Збирката ('Breakthrough - The Reason Mother Didn't Love Me') од 68 стихови, го носи плачот за помош на авторката како мало девојче, додека слепо се пробивало низ лавиринтот на менталното заболување на нејзината мајка.