Настанот 'Macedonian Festival' ја поканува македонската и пошироката заедница на 3-дневен фестивал на кој клубот ветува дека ќе има по нешто за секого.
Започнувајќи со вечер на комедија и стенд-ап комичарот 'My Cousin Vlad', сите три дена ќе бидат исполнети со активности, натпревари на јадење луто, прилики за средба со омилен фудбалер од женските и машките екипи, изложба на класични возила, македонски специјалитети, фолклор, и специјално катче каде децата ќе можат да се забавуваат низ целиот ден.
SBS Macedonian разговара со Претседателот na ФК Престон Македонија, Дејвид Цветковски и Потпретседателката Силвана Наумовски.