Итните случаи во болниците чекаат со часови во ходници и шатори

chemotherapy.jfif

Момче кое завршило шест месеци хемотерапија чека 27 часа во ходникот на болницата во Бокс Хил во Мелбурн Source: Twitter / Louise Milligan

Третиот бран на бројот на случаи со коронавирус се намалува побрзо отколку беше предвидено според моделирањето.


Но, тоа не обезбедува олеснување за здравствените системи во земјава, а потресните приказни за долги периоди на чекање за итни случаи во државните болници низ Викторија е доказ дека притисокот не се намалува.

И сојузниот министер предупредува дека ситуацијата ќе остане тешка со недели.

Share