Во Австралија ќе биде изложено скапоценото египетско наследство

Ramses the Great and the Gold of The Pharaohs (Supplied-World Heritage Exhibitions).jpg

Рамзес Велики и златото на фараоните Credit: Supplied: World Heritage Exhibitions

Поминале повеќе од 3.000 години откако Рамзес Втори владеел со Стариот Египет. Досега невидена изложба на овој најславен фараон во историјата на Египет, се упатува кон Австралискиот Музеј во Сиднеј од ноември до мај 2024 година. Изложбата ќе содржи артефакти кои досега не биле изложени надвор од Египет, вклучувајќи саркофази, животински мумии, накит и кралски маски.



Share