Бабарите за Василица се македонска традиција со универзално значење
As they put their masks on their faces, they feel like free spiritual beings in the true sense of the word Source: SBS Macedonian
Четири илјади години стариот ритуал "Бабари", кој во својата оригинална форма, за Православната Нова Година (14 јануари) скоро секоја година се изведува од "Цапарското друштво" во Сиднеј, ги става Македонците на светската мапа на движно, културно наследство на древни, духовни обичаи, заедно со Шаманските церемонии во Сибир, ритуалите на народите во Средна и Јужна Америка, индијанските танци во САД и Канада, церемониите на змејот во Кина и ритуалите со маски во Африка. Тие имаат медитативна моќ, вели Ѓорѓи Шепентулески од кој повеќе од три децении е дел од традиционалниот бабарски бал во Сиднеј.
Share