Славица Јосифовска : Илинден ни стана втор дом
Slavica Josifovska at SBS studio Source: SBS Macedonian
Првата жена - претседател во историјата на МКУД Илинден ни раскажува дека со семејството живеела во населбата Њутаун во Сиднеј , каде нејзините деца се дружеле со Австралијани а со Македонци немале многу контакти.По предлог на роднина, чии деца играле во друштвото, кое во тоа време немало доволно момчиња, г-ѓа Јосифовска започнала да ги носи нејзините два сина Благојче и Александар на проби.Чекорите,музиката, ритамот, дружењето..... како да им беа вродени - вели таа и дополнува дека и сега и се плаче кога ќе се присети на зборовите на Благојче, кусо време по зачленувањето во друштвото :"Сега се чувствувам како дома".Многу е важно да знаеме од каде ни е потеклото - вели првата жена-претседател во историјата на реномираното и најголемото културно-уметничко друштво, надвор од границите на Република Македонија (https://www.facebook.com/SBSMacedonian/videos/1277442368942582/)
Share