Добротворна "Розова панделка" во Сиднеј 2022

Лена Котевич, основач на настанот "Розова Панделка" и членка на женската секција при МПЦ "Св.Петка" во Сиднеј

Лена Котевич, основач на годишниот настан "Розова Панделка" и членка на женската секција при МПЦ "Св.Петка" во Сиднеј Source: SBS

Членките на женската секција при МПЦ "Св.Петка" од Сиднеј и оваа година со успешната организација на "Розовата панделка" привлекоа 340 жени.


Настанот што се одржува по 12-ти пат е дел од многубројните настани, не само во Австралија, туку и ширум светот во месец октомври, со цел да се подигне свеста за ракот на дојка и важноста од рано откривање на болеста.

И оваа година не изостана финансиската поткрепа во илјадници долари за фондацијата Мек Грат, која обезбедува бесплатна поддршка од медицински сестри за болните од рак во руралните подрачја на Австралија.

Share