Ленче Доневска (прва од лево) на Светското првенство во "бенчпрес" за жени во 2019 година го освои второто место за Австралија. Credit: IPF/L.Donevska
Моќна Македонка ја претставува Австралија на светски првенства
Ленче Доневска како претставничка на Австралија на 5-тото Светско првенство во кревање тегови Credit: IPF/L.Donevska
Спортските достигнувања на Ленче (Лин) Доневска од Сиднеј, која ќе ја претставува Австралија на Светското првенство во “бенч прес” од 22 мај до 1 јуни оваа година во Тексас, САД, се многубројни, меѓу кои учество на 3-тото Светско првенство во бразилско џуџитсу, 5-тото Светско првенство во кревање тежина и Олимпискиот квалификациски турнир во борење за жени.
Share