"Ве молам продолжете да зборувате, да читате и да пишувате на македонски јазик, бидејќи тоа е дар што ќе го имате за цел живот", им порача на учениците директорката на саботните центри за јазици во НЈВ, Сана Зреика.
Традиционалниот настан во чест на македонските и сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, секоја година го организира Македонскиот просветно-училишен одбор на Нов Јужен Велс.