Потребен е поголем број на ученици по македонски јазик

Smilevska foto RESIZED.jpg

Претседателката на Македонското учителско друштво на Викторија, Јованка Смилевска им се обраќа на присутните на свеченоста на која им беа доделени дипломите на матурантите по македонски јазик во Викторија, 8 декември 2024, Мелбурн. Credit: J. Smilevska

Претседателката на Македонското учителско друштво на Викторија, Јованка Смилевска вели дека со оглед на големината на македонската заедница во државата, би требало да има многу поголем број на ученици по македонски јазик, кој што во последните години е во стагнација.


"Народот треба да е тој што го негува јазикот и што го цени својот јазик, своето минато", вели г-ѓа Смилевска во разговор со СБС на македонски.

Таа додава дека децата треба да одат и на спорт и на секакви други активности, но дека тоа треба да се балансира и да се одбере она што е поважно.

"Според мене, мислам дека јазикот е една од поважните работи кои што треба нашите луѓе во Австралија да го стават на прво место, особено што државата не поддржува и за тоа добиваме многу помош", вели г-ѓа Смилевска.

Share