Македонскиот филм “Кога денот немаше име” на фестивал во Сиднеј

Film director Teona Strugar Mitevska at Sydney Film Festival

Film director Teona Strugar Mitevska at Sydney Film Festival Source: SBS

Теона Стругар-Митевска беше меѓу 10-те жени режисери од Европа кои се претставија пред австралиската публика во рамки на Филмскиот фестивал во Сиднеј."Филмот е толку приватен, толку интимен поглед на нашата средина што секогаш имам таква трема пред секоја проекција и после секоја проекција и секогаш се надевам дека филмот ќе ги постави вистинските прашања и дека некаква дискусија ќе се создаде....",Теона Стругар Митевска По двете проекции во кино салата Денди, во близина на Оперската Куќа, разновидната публика имаше можност да се сретне со македонската режисерка, да и постави прашања, да и подели комплименти или критика за филмот, инспириран од убиството на младите момчиња кај Смилковското Езеро во 2012-та година, настан што остави длабоки траги во македонското општество и многу неодговорени прашања



Share