Македонската заедница се збогува со д-р Зорица Николова

Zorica Nikolova foto.jpg

Почина д-р Зорица Николова од Македонско-австралиската добротворна организација ( Australian Macedonian Welfare & Wellbeing NSW Inc)

Членови на македонската заедница денеска се простуваат од една извонредна личност која што во скоро две децении, колку што живееше и работеше во Австралија, даде толку многу, особено за лицата во поодминати години. Д-р Зорица Николова беше дел од Македонско-австралиската добротворна организација во Сиднеј, каде што работеше на проекти преку кои им помагаше на најранливите лица. Таа беше и една од нашите најомилени соговорнички, бидејќи знаеше да направи избор на зборови и за најсложени теми на начин разбирлив за сите.


Македонската заедница се збогува со Зорица Николова

Share