“Ја носев плакатата Македонија, на Дефилето од Рокс до Оперската Куќа, тоа беше гордост”

Kire Pashovski at his home

Kire Pashovski at his home Source: R.Bojkovska

Кире Пашовски, еден од поранешните претседатели на МКУД Илинден од Сиднеј вели дека младите сега се вљубени во македонскиот фолклор и мило му е што и тој има дел во сето тоа. Г-дин Пашовски се сеќава на игранките што ги организирале во 70-тите години во Клубот на Полицијата во Рокдејл каде доаѓале повеќе стотици а некогаш и над 1,000 млади луѓе.Од две игранки се собирале често и по $5,000. Не можеше да се диши - вели г-дин Пашовски сега во неговата 8-ма деценија од животот но со живи мемории од историјата на најголемото фолклорно друштво надвор од границите на Македонија.



Share