Нова повелба за права може да го олесни процесот за поврат на пари за одложените летови за Австралијците
Меѓународниот аеродром во Сиднеј четврток, 14 ноември 2024 година. Австралијците кои се обидуваа да летаат дома од Бали се соочија со доцнење по вулканска ерупција во близина на Индонезија. Source: AAP / STEVEN MARKHAM/AAPIMAGE
Клиентите на авио компаниите наскоро ќе можат да добијат поврат на вложените патни средства и друга помош во случаи на откажани или одложени летови според законите на Австралија. Владата отвори консултации за нова повелба за права. Тоа е првиот конкретен водич за полиси кои се однесуваат на клиентите во воздухопловниот сектор воведени од страна на австралиска влада.
Share