Забните хигиенски навики на Австралијците откриени - многумина не користат забен конец
Комплет со различни четки за заби Source: Moment RF / twomeows/Getty Images
Нов извештај на Австралиската Cтоматолошка Aсоцијација покажува дека три четвртини од Австралијците ретко или никогаш не ги чистат забите со конец, додека секој петти четка само еднаш дневно. Австралијците кои не користат забен конец и четка се на брз пат кон лошо орално здравје, кое може да придонесе за развој на сериозни здравствени проблеми како кардиоваскуларни болести, дијабетес тип 2 или дури и мозочен удар. Вознемирувачките податоци излегоа на виделина пред овогодинешната Недела на Денталното Здравје која се оддржува од 7-13 август.
Share