Билјана Јуруковски: Македонка во домородниот свет
Biljana Jurukovski with members of Mursi Tribe,Ethiopia Source: Biljana Jurukovski
Големата страст за сликовито документирање на племенските луѓе и нивниот уникатен начин на живот ја поттикна Билјана Јуруковски, самоук фотограф од Сиднеј, да посети некои од најоддалечените места во Монголија, Непал, Мексико, Етиопија... Нејзината форографија на ловец по име Салиукан и неговиот златен орел во Монголија, се најде на страниците на списанието "National Geographic" како слика на денот. Во овој регион, обуката на орлите за лов е вештина што се пренесува низ генерации. Орлите ловат мали животни во планините од кои се прави традиционална крзнена облека. Откако орелот ќе отслужи 10 години, ловецот го ослободува назад во дивината, објаснува нашата соговорничка Билјана Јуруковски
Share