Инженерот Луби Димитровски ја доби наградата за неговиот придонес во истражувањето и усовршувањето на процесот на безбедно складирање на нуклеарниот отпад во Австралија.
Неговата експертиза во оваа област го однесе во многу земји меѓу кои САД, Шпанија, Шведска, Јордан, Австрија идр.
"Не стравувајте од нуклераниот отпад", вели г-дин Димитровски во разговор за СБС на македонски и додава дека тој повеќе од две децении работи во канцеларија на само дваесетина метри од илјадници тони нуклеарен отпад.