Денеска, среда, Австралија објави најмалку 44 смртни случаи од КОВИД-19, вклучувајќи 23 во Викторија, 10 во Нов Јужен Велс и пет во Јужна Австралија.
Нов Јужен Велс денеска објави 13.755 нови инфекции со КОВИД-19, во споредба со 10.504 во вторникот. Во болниците има 1.822 лица со КОВИД-19, што е воедно и најголем број хоспитализирани лица со вирусот, во државата, во изминатите три месеци.
Јужна Австралија, исто така, денеска објави нагло зголемување на нови инфекции и болнички приеми.
Проверете ги најновите трендови за нови случаи, хоспитализации и смртни случаи поврзани со КОВИД-19 во Австралија.
Во петок, Администрацијата за терапевтски производи (TGA), би можела да донесе одлука во врска со барањето на фармацевската компанија “Модерна”, да се дозволат нејзините вакцини против КОВИД-19 за деца под пет години.
Министерката за здравство на Квинсленд, Ивет Д'Ат, предупреди на зголемениот притисок врз државниот здравствен систем. Таа рече дека повеќе од 2.000 здравствени работници се болни поради КОВИД-19 и грип.
Министерот за здравство Марк Батлер го поддржа барањето на државните министри за здравство, да ги прошират антивирусните лекови КОВИД-19 на пошироки групи. Овие антивирусни третмани или орални апчиња, наводно, спречуваат тешки болести, хоспитализација и смрт кај луѓето со КОВИД-19.
Министерот Батлер изјави за ABC Radio во Аделаида дека критериумите за стекнување право за примање на овие лекови, во Шемата за фармацевтски бенефиции (PBS,) се премногу ограничувачки.
Тој рече дека Владата му пристапила на Советодавниот комитет за фармацевтски придобивки - the Pharmaceutical Benefits Advisory Committee, кој се состанува оваа недела, за да ги прошири критериумите за подобност.
Викторија ја продолжи Декларацијата за пандемија за уште три месеци. Декларацијата му дозволува на државниот министер за здравство, да дава наредби за пандемијата.
Државната влада им дозволи на работодавците да ги собираат информациите за вакцинација на работниците. Владата рече дека ќе им помогне на работодавците да преземат соодветни мерки, за да ги заштитат нивните работни места и работна сила од КОВИД-19.
Нова масовна појава на КОВИД-19 е пријавена во резиденцијалната нега на стари лица “Свети Василиј”, во областа Фокнер, во Мелбурн. Епидемијата беше прогласена на 2 јули, а 14 жители и еден член на персоналот беа позитивно тестирани за КОВИД-19.
Во понеделникот, Worksafe Victoria го обвини објектот за девет прекршувања, според Законот за здравје и безбедност при работа - Occupational Health and Safety Act over a 2020, во врска со избувнувањето на масовната епидемија во 2020 година, во која 45 жители починаа од компликации поврзани со Коронавирусот.
Во Индија и во десет други земји е пронајдена нова подваријанта BA.2.75, со прекар „Кентаур“. Се вели дека ова е под-тип на BA.2, исто така познат како притаена варијанта на Омикрон. Светската здравствена организација допрва треба да ја именува BA.2.75 како варијанта од интерес или загриженост, но од таму велат дека го следат развојот.
__________________________________________________________________________________________________________________________________
__________________________________________________________________________________________________________________________________
Најдете клиника за тестирање за КОВИД-19
__________________________________________________________________________________________________________________________________
Доколку сте позитивни, регистрирајте ги вашите резултати од РАТ овде
__________________________________________________________________________________________________________________________________
__________________________________________________________________________________________________________________________________