Денеска, понеделник, Австралија пријави најмалку 13 смртни случаи од КОВИД-19, вклучително осум во Нов Јужен Велс и по два во Западна Австралија и Австралиската главна територија.
Проверете ги најновите трендови за нови случаи, хоспитализации и смртни случаи поврзани со КОВИД-19 во Австралија.
Западна Австралија денеска го прифати советот на Австралискиот главен комитет за здравствена заштита - the Australian Health Protection Principal Committee (AHPCC), според кој сегашниот имунолошки период од 12 недели треба да се намали на 28 дена.
Комитетот рече дека луѓето кои тестираат позитивно за КОВИД-19, по повеќе од 28 дена по завршувањето на изолацијата од нивната претходна инфекција, треба да бидат пријавени и третирани како нови случаи.
Се вели дека варијантите BA.4 и BA.5 на Омикрон би можеле да предизвикаат реинфекција кај оние кои претходно биле заразени со претходна варијанта на КОВИД-19, и оние кои се во тек со нивните вакцини. Наскоро се очекува и другите држави да го следат примерот на Западна Австралија во прифаќањето на советите за комитетот.
Од денес (11 јули), Австралијците на возраст од над 70 години, кои се позитивни на КОВИД-19 можат да пристапат до антивирусни лекови, преку Шемата за фармацевтски придобивки - the Pharmaceutical Benefits Scheme (PBS).
Дополнително, луѓето на возраст од над 50 години, Абориџините и жителите на островот Торес на возраст од над 30 години, можат да пристапат до овие лекови доколку имаат најмалку два фактори на ризик. Исто така, и лицата од над 18 години, со умерни до тешки нарушувања на имунитетот, можат да ги користат овие лекови.
Австралијците на возраст од над 30 години, од денеска можат да ја добијат својата четврта вакцина или втора засилувачка доза.
Queensland Health би можел да основа клиники за долгорочни симптоми на Ковид т.н Long COVID-19 clinics, по примерот на Јужна Австралија, Нов Јужен Велс, Викторија и ACT.
Здравствените власти во државата моментално управуваат со активна појава на КОВИД-19 на крузерот Coral Princess, кој моментално е сместена во Бризбејн.
Главниот директор за јавно здравје на Јужна Австралија, Никола Спуриер, рече дека дневните нови инфекции би можеле да бидат повисоки од 6,000 во наредните недели. Државата моментално регистрира меѓу 3.000 и 4.000 нови инфекции дневно.
Епидемиологот за заразни болести на Светската здравствена организација, д-р Марија Ван Керхове, објави на социјлната мрежа Твитер, дека смртните случаи од Ковид-19 глобално, се на слично ниво како во март 2020 година.
„Мораме да запомниме дека во март 2020, знаевме многу малку за овој вирус и немавме третмани и немавме вакцини“, рече д-р Ван Керхове.
„Сега, во јули 2022 година, имаме неколку интервенции за спасување животи кои не ги користиме ниту ефективно, ниту постојано на глобално ниво. Смртните случаи треба да бидат далеку помали во овој момент од пандемијата“.
Д-р Ван Керхов рече дека пандемијата е далеку од завршена и ги повика луѓето да бидат внимателни, да носат маска, да се оддалечат, да се вакцинираат, да отвораат прозорци, да ги мијат рацете, да тестираат, да се изолираат доколку се заразени, да се изолираат доколку се контактирани и да бидат информирани.
__________________________________________________________________________________________________________________________________
__________________________________________________________________________________________________________________________________
Најдете клиника за тестирање за КОВИД-19
__________________________________________________________________________________________________________________________________
Доколку сте позитивни, регистрирајте ги вашите резултати од РАТ овде
__________________________________________________________________________________________________________________________________
__________________________________________________________________________________________________________________________________