Пред и потоа: Како се променија најчестите симптоми на КОВИД од почетокот на пандемијата

Откако првиот случај на коронавирус беше откриен во Австралија во јануари 2020 година, вирусот претрпе големи мутации. Вакцинациите и претходните инфекции го сменија начинот на кој може да ја доживееме болеста сега.

Young Asian woman sitting on bed and blowing her nose with tissue while suffering from a cold, with medicine bottle and a glass of water on the side table

Sneezing has been commonly reported among the vaccinated population who test positive for COVID. Credit: AsiaVision/Getty Images

Key Points
  • "Традиционалните“ симптоми забележани порано во пандемијата се рангираат пониско (студија)
  • Кивањето било вообичаено кај вакцинираните кои биле позитивни на КОВИД (студија)
  • Од витално значење е да внимавате на какви било симптоми и да се тестирате, доколку се сомневате
Според објавена минатиот месец, вообичаените симптоми на КОВИД се сменија од почетокот на пандемијата до денес.

„Традиционалните“ симптоми забележани порано, како што се треска, отежнато дишење и губење на вкусот и мирисот, сега се многу пониско рангирани, додека болките во грлото, главоболката, течење на носот и упорната кашлица се некои од најчестите пријавени симптоми.

Во зависност од статусот на вакцинација на лицето, рангирањето на симптомите исто така малку се разликуваше тогаш.

Кивањето било вообичаено меѓу вакцинираните доколку се тестираат позитивно за КОВИД, додека треската сè уште била чест симптом кај невакцинираните, се вели во студијата.

Woman sneezing loud with open mouth behind a window.
If you’ve been vaccinated and start sneezing a lot without an explanation, you should get a COVID test, said the study. Source: Moment RF / Guido Mieth/Getty Images
„Во 2020 година видовме специфични и тешки симптоми. Но, како што се влеговме во 2021 и 2022 година, тоа стана пошироко и помалку сериозно“, вели докторот М Шахбаз Чаудри од Викторија.

„Сега главно наликува на симптоми слични на настинка и грип. Некои дури се манифестираат со гастроентеритис и дијареа“, додава тој.

Д-р Чаудри вели дека групниот имунитет од вакцинација и претходна инфекција делумно придонесуваат за промената.

M Shahbaz Chaudhry.jpg
Dr M Shahbaz Chaudhry says some COVID patients are now reporting stomach upsets too. Credit: Dr. M Shahbaz Chaudhry
Сепак, поблагите симптоми значат дека некои можеби дури и не сфаќаат дека имаат КОВИД или се замараат да се тестираат.

„Пациенти се појавија во клиниката бидејќи беа позитивни на тестот. Но, тие имаат малку симптоми. Некои се сеќаваа дека имаа блага настинка пред пет или 10 дена“, додава тој.

Додека Австралија влегува во нов бран на КОВИД со пренос на заедницата на Omicron варијантите XBB и BQ.1, д-р Чаудри вели дека е од витално значење да внимавате на какви било симптоми и тестови, доколку некогаш се сомневате.

„Било какви симптоми, особено ако имате болки, мора да се тестираат. Ако имате невообичаени болки во телото, летаргија или замор, барем направете брз тест или разговарајте со вашиот општ лекар“, советува д-р Чаудри.

Се вели дека инфекцијата од новите варијанти води до симптоми како претходниот Омикрон, и до клиничка слика со слична сериозност.

„Иако доказите сè уште се појавуваат, досегашното искуство со овие две варијанти во странство е дека тие не претставуваат поголем ризик за тешка болест и смрт“, изјавија од Одделот за здравство и нега на стари лица - Тhe Department of Health and Aged Care.

„Вакцините против КОВИД-19 обезбедуваат добра заштита од овие исходи“, се додава.

SBS е посветен да им ги обезбеди на мултикултурните и повеќејазичните заедници во Австралија сите најнови информации за КОВИД-19. Останете безбедни и информирајте со редовна посета на порталот

Share
Published 26 November 2022 3:30pm
Updated 26 November 2022 3:33pm
By Yumi Oba
Presented by Maja B.Talevska
Source: SBS


Share this with family and friends