Постојат неколку третмани за лекување КОВИД-19. Тие вклучуваат анти-инфламаторни и анти-вирусни лекови и третмани со антитела. Додека анти-инфламаторните лекови го спречуваат имунолошкиот систем да реагира прекумерно на вирусот, анти-вирусните лекови ја спречуваат репродукцијата, односно ширењето на вирусот во телото.
Третманите со антитела ги спречуваат вирусите да ги нападнат клетките и да предизвикаат дополнителна штета.Какви видови лекови се достапни за луѓето со КОВИД-19 во Австралија?
Paxlovid Pfizer oral antiviral anticovid in tablets. Source: AAP
Австралиската администрација за терапевтски добра - ја проценува безбедноста и ефикасноста на третманите за КОВИД-19, пред привремено да ја одобри нивната употреба во земјата.
TGA ги одобри молнупиравир (Lagevrio) и нирматрелвир + ритонавир (Paxlovid) и ремдесивир (Veklury), како анти-вирусни третмани.
Овие третмани навидум го спречуваат вирусот САРС-КоВ-2 да се реплицира и да предизвика тешка болест.
Paxlovid, a Pfizer's coronavirus disease (COVID-19) pill. EPA/PFIZER INC. Source: PFIZER INC.
Австралискиот заменик- главен медицински директор, Мајкл Кид, рече дека оралните лекови лагеврио и паксловид се достапни во Шемата за фармацевтски придобивки - Pharmaceutical Benefits Scheme (PBS).
Австралијците на возраст од над 70 години, кои се позитивни на КОВИД-19, можат да пристапат до овие антивирусни лекови преку PBS.
Дополнително, луѓето на возраст од над 50 години, како и Абориџините и жителите на островот Торес, на возраст од над 30 години можат да пристапат до овие лекови доколку имаат најмалку два фактори на ризик. Умерени до тешки имунокомпромитирани луѓе кои имаат над 18 години, исто така, можат да ги користат овие лекови.
„Луѓето треба да покажат позитивен PCR тест или рапиден (RAT) тест, за нивните општи лекари да напишат рецепт за лагевиро и паксловид“, рече професорот Кид.
“Овие третмани им помагаат на луѓето да не се разболат сериозно од КОВИД-19, и им помагаат да ги задржат надвор од болниците. Овие третмани можат да спасат живот.”
Професорот Кид советува дека луѓето треба да го започнат третманот во рок од пет дена, откако ќе ги добијат симптомите.
“Колку порано луѓето можат да го започнат третманот, толку подобро.”
Факторите на ризик вклучуваат:
- Невакцинирани или делумно вакцинирани (една доза)
- Лица во резиденцијални установи за грижа за стари лица или лица со инвалидитет
- Лица над 75 години
- Оние кои имаат респираторни состојби (како умерена до тешка астма која бара стероидна терапија или опструктивна болест на дишните патишта) или невролошки состојби (како мозочен удар или деменција)
- Луѓето со дијабетес тип I и тип II кои имаат потреба од лекарства
- Луѓето со конгестивна срцева слабост
- Луѓето со дебелина со индекс на телесна маса поголем од 30
- Луѓе со бубрежна инсуфициенција, лица со цироза и оние со заболувања на црниот дроб
Лица со нарушен имунитет на возраст од над 18 години вклучуваат:
- Луѓето со активен карцином (особено лимфом, леукемија, мултипен миелом и миелодиспластичен синдром)
- Оние кои имале неодамнешна трансплантација на органи или коскена срцевина
- Луѓето со ХИВ СИДА
- Луѓето кои примаат хемотерапија или радиотерапија за рак
- Луѓето кои земаат лекови кои можат да го потиснат имунолошкиот систем
- Луѓето со Даунов синдром
- Лицато со тешка интелектуална и физичка попреченост на кои им е потребна резиденцијална нега
- Луѓето со церебрална парализа, таласемија и други хемоглобинопатии со српеста болест и вродени срцеви заболувања
Професорот Кид рече дека, матичните лекари треба да ги прегледаат сите лекови што едно лице ги зема, пред да ги препишат овие анти-вирусни лекови, особено paxlovid.
„Паксловид не може да се зема ако лицето зема еден или повеќе лекови. Не може да се користи ако лицето има тешко заболување на бубрезите или црниот дроб, е бремена или дои, или е сексуално активна во репродуктивна возраст. Важно е дека користите контрацепција додека ги земате овие третмани “, рече тој.
Ремдесивир е достапен само за сериозно болни Австралијци, на кои им е потребен кислород или поддршка на високо ниво за да дишат.
Сепак, една неодамнешна студија финансирана од Светската здравствена организација (СЗО) објавена во медицинскиот журнал , покажува дека ремдесивир нема значително влијание врз пациентите со KОВИД-19 кои веќе се на кислородна поддршка. Лекот има мал ефект за спречување смрт или прогресија кон кислородна поддршка (или и двете), кај другите хоспитализирани пациенти.
Третманите со моноклонални антитела, вклучуваат лабораториски направени протеини кои го имитираат имунолошкиот систем на телото, за да помогнат во борбата против штетните вируси, вклучително и коронавирусот.
TGA привремено одобри 500 mg (Xevudy), како интравенска инфузија за луѓе на возраст од над 12 години, и со тежина од најмалку 40 kg. Тие не бараат кислород и се изложени на зголемен ризик од хоспитализација или смрт.
TGA ја разгледува апликацијата од производителот на лекови GlaxoSmithKline, за поголема доза на , кај луѓе за кои постои сомневање дека имаат инфекција од под-типот Omicron BA.2.
Под-типот BA.2, познат и како верзија на Омикрон, моментално доминира во Австралија и други земји.
Меѓутоа, американската Администрација за храна и лекови, на 5 април, го укина овластувањето за сотровимаб.
Другите привремено одобрени третмани на TGA вклучуваат казиривимаб + имдевимаб (Ронапреве), тоцилизумаб (Актемра), регданвимаб (Регирона) и тиксагевимаб и цилгавимаб (Евушелд).
Од TGA велат дека антибиотиците и лековите, како што се ивермектин и хидроксихлорокин, се неефикасни против вирусите кои предизвикуваат КОВИД-19 и не се одобрени за лекување во Австралија.
Ако имате некој од следниве симптоми, веднаш повикајте брза помош на 000 и кажете му на телефонскиот оператор дека претходно сте биле дијагностицирани со КОВИД-19.
- Сериозен недистиг на здив или отежнато дишење
- силна болка или притисок во градите
- нова или повторна треска
- влошување на способноста за концентрација и зголемена конфузија
- тешкотии со будење
Ако искусите други симптоми по закрепнувањето од КОВИД-19, стапете во контакт со Вашиот општ лекар или друг здравствен работник (извор: Healthdirect).
SBS е медиум посветен на обезбедување најнови информации за КОВИД-19,за мултикултурните и повеќејазичните заедници во Австралија. Останете безбедни и информирајте се, со редовно посетување на порталот SBS Coronavirus, со