Дали работните места во Австралија треба да ги отфрлат барањата за вакцина против КОВИД?

Компаниите како “Колс” (Coles) и “Квантас” (Qantas) ги укинаа барањата за вакцина против Ковид-19 за своите вработени. Но, многу работодавци продолжуваат да бараат од своите вработени да бидат во тек со вакцинацијата и покрај тоа што државите и териториите ги прекинуваат наредбите за јавно здравје.

Female medical student raising hand in class

Експертите велат дека вакцините не го спречуваат преносот на КОВИД-19 за долг период. Credit: Fly View Productions/Getty Images

ГЛАВНИ ПОЕНТИ:
  • Премиерот на Нов Јужен Велс во заминување, Доминик Перотет, рече дека вакцините за Ковид-19 не го спречуваат преносот на вирусот
  • Професорот Питер Колињон рече дека задолжителноста за вакцините треба да бидат укината
  • Претседателот на АМА, Стив Робсон го поддржува барањето за вакцина против Ковид-19 за лекарите
Поранешната здравствена работничка Лора (името е променето) рече дека пред две години била отстранета од работната позиција без плата и на крајот работниот однос бил прекинат, затоа што од лични причини одбила вакцинација против Ковид-19.

Лора, како единствената хранителка во семејството, морала да работи чудни работи, да продава предмети и да штеди за да го одржи своето семејство.

„Не можам да си дозволам часови по пливање или педијатриски прегледи за моите деца. Задолжителноста на вакцините не требаше да се случи. Ова е нечија егзистенција. Не е мала работа“, изјави Лора за СБС.

„Сега е јавна информацијата дека вакцините не го спречуваат ширењето ниту инфекцијата. Па зошто луѓето како мене беа казнети толку строго за нешто што никогаш не беше докажано?“, праша таа.

Неодамнешното интервју на премиерот на Нов Јужен Велс во заминување, Доминик Перотет, повторно ја разгоре дебатата околу задолжителноста на вакцините против КОВИД-19.

„Нема докази дека вакцините го запираат преносот“, рече г-дин Перотет за

Дали вакцините го запираат преносот?

Професорот Стив Робсон, претседател на Австралиското медицинско здружение, рече дека не е вистина дека вакцините не го спречуваат преносот.

„Ако вакцинирано лице добие КОВИД-19, сè уште има помала веројатност тоа да го пренесе КОВИД-19 на други блиски контакти отколку ако воопшто не било вакцинирано“, рече проф Робсон за СБС.

Професорот Робсон сподели објавена на 26 август 2022 во стручниот научен журнал Nature, како доказ дека вакцината КОВИД и претходната инфекција го намалуваат ризикот од ширење на Омикрон.

Но, истата студија забележа дека „придобивката од вакцините за намалување на преносот на Омикрон не трае долго“.
Coles
На 1 март 2023 година, Колс им се придружи на другите австралиски работодавци во откажувањето од барањето за вакцинација против КОВИД-19 за членовите на компанискиот тим во продавниците, дистрибутивните центри и другите локации Source: AAP / JAMES GOURLEY/AAPIMAGE
Професорот Питер Колињон, лекар за заразни болести и микробиолог во болницата во Канбера, рече дека вакцините го намалуваат преносот.

„Но, не толку колку што многумина од нас би очекувале“, рече проф Колињон.

„Ова е главно проблем, бидејќи варијантите на Делта и Омикрон се шират а исто и нивната способност подобро да ги избегнат ефектите од вакцините.
Тие (вакцините) сè уште спречуваат околу 30 проценти од благите инфекции, но само за неколку месеци
Професор Питер Колињон
Професорката Кетрин Бенет, шеф на катедрата за епидемиологија на Универзитетот Дикин, рече дека нема детални студии за влијанието на најновите вакцини врз преносот на поновите варијанти.

„Но, знаеме дека кога се појави Делта, оригиналните вакцини ја намалија ефективноста за натамошниот пренос “, рече професорот Бенет.

„Најновите податоци од Велика Британија покажуваат дека по засилувачка доза, има барем краткорочна ефективност до два до три месеци во намалувањето на ризикот од инфекција.”

Дали преостанатите работни места треба да ја укинат задолжителноста на вакцините?

Некои приватни компании, служби за итни случаи, резиденцијални установи за нега на стари и лица со инвалидитет, како и даватели на здравствени услуги, инсистираат нивниот персонал да биде во тек со вакцинацијата, повикувајќи се на законите за здравјето и безбедноста на работното место.

Во оваа фаза, со оглед на лошите перформанси на вакцините во запирање или намалување на преносот, повеќе не треба да имаме задолжителна имунизација
Проф Колињон
„Многу е поважно да се осигураме дека сите жители во домовите за нега на стари лица се вакцинирани и имаат засилувачки дози. Тоа е главниот начин на кој ќе ги намалите смртните случаи од КОВИД“, рече проф Колињон.

„Акцентот на задолжителноста за вакцините за младите работници е погрешно поставен. Акцентот треба да се стави на старите лица, особено на оние во установите за нега на стари лица“, додаде тој.

Меѓутоа, претседателот на АМА, проф. Робсон, има поинаков став.

Професорот Робсон рече дека австралиските здравствени одделенија наложуваат вакцини против грип и хепатитис Б за здравствените работници кои имаат физички контакт со пациенти или примероци од пациенти.

„Ова и ги штити пациентите и здравствените работници на работното место“, рече тој.

„Пациентите во домовите за грижа за стари лица и грижа за лица со попреченост често се многу ранливи. Поради овие причини, ние ги поддржуваме лекарите кои се трудат пациентите да се вакцинирани не само против КОВИД, туку и против други заразни болести“.

Меѓутоа, претседателот на АМА, проф. Робсон, има поинаков став.

Професорот Робсон рече дека австралиските здравствени одделенија наложуваат вакцини против грип и хепатитис Б за здравствените работници кои имаат физички контакт со пациенти или примероци од пациенти.

„Ова и ги штити пациентите и здравствените работници на работното место“, рече тој.

„Пациентите во домовите за грижа за стари лица и грижа за лица со попреченост често се многу ранливи. Поради овие причини, ние ги поддржуваме лекарите кои се трудат пациентите да се вакцинирани не само против КОВИД, туку и против други заразни болести“.

Професорот Бенет рече дека секоја работна средина треба да го процени ризикот од пренос.

„Колку е поголем ризикот што го носи преносот на работното место, толку е посоодветно да се воспостават некои правила кои помагаат справување со тој ризик“, рече таа.

„Има смисла средините со висок ризик, како здравствената заштита, кои веќе имаат барања за вакцина против грип, да имаат слични барања за КОВИД“.

Каков е ставот на владата?

Австралиското Министерство за здравство и грижа за стари лица соопшти дека силно ја поддржува имунизацијата, но позицијата на владата за вакцинацијата против Ковид-19 е дека таа е доброволна.

„Австралиската влада не е одговорна за каква било задолжителност на вакцините“, се вели во изјавата дадена за СБС.

„Наредбите за јавно здравје на државата и територијата може да постават задолжителни барања за вакцинација за одредени професии и ограничените исклучоци што се применуваат“, се додава.

NSW Health одби да коментира, велејќи дека тоа е прашање во доменот на државната влада, додека Victoria Health рече дека зависи од индивидуалните работни места да ги одредат своите политики за вакцинација.

Враќање на здравствениот персонал

Здравствената работничка Лора „сè уште е во два ума“ дали би се вратила на првобитната позиција доколку задолжителноста на вакцините биде укината на нејзиното работно место.

„Работната средина се промени на полошо. Не сум сигурна дали сè уште би сакала да бидам дел од системот кој неправедно се однесуваше кон мене и моите пријатели“, рече таа.

Претседателот на АМА, проф Робсон, рече дека повеќето здравствени работници кои го напуштиле системот немаат никаква врска со задолжителноста на вакцините.

Дознаваме дека само 0,6 отсто од здравствената работна сила во Нов Јужен Велс, на пример, замина поради барањето за вакцинација
Претседателот на АМА, Стив Робсон
„Главните проблеми се притисокот, недостигот на поддршка за здравствените работници, лошите услови на работното место и платите и други прашања.

„Сметаме дека е многу малку веројатно дека укинувањето на барањата за вакцини драматично ќе ја зајакне здравствената работна сила - навистина, ова може да ги загрижи некои здравствени работници доволно што тие би можеле да го напуштат системот“, додаде проф Робсон.

Професорот Бенет рече дека доколу задолжителноста на вакцините биде укината, работниците може да се вратат во оние работни средини кадешто нема друг барања за вакцинација, како што е например вакцината против грип.

„Но, може да има неподготвеност да се вратат на позиции на првата линија, бидејќи не постои гаранција против враќањето на задолжителноста доколку се појави нова варијанта што претставува многу поголем ризик за здравјето“, рече таа.

Професорот Колињон рече дека секое враќање на работници во системот ќе биде од корист за областите со недостиг на персонал.

SBS е посветен да ги обезбеди за мултикултурните и повеќејазичните заедници во Австралија, сите најнови информации за КОВИД-19. Останете безбедни и информирајте се со редовно посетување на порталот

Share
Published 27 March 2023 4:09pm
Updated 27 March 2023 4:12pm
By Sahil Makkar, Yumi Oba
Presented by Maja B.Talevska
Source: SBS


Share this with family and friends