Со цел да се дојде до веродостоен, но и брз и поефтин тест што би го открил антигенот, карактеристичен за инфекцијата, беа развиени тестови кои што се поедноставни и се прават брзо, познати како РАТ тестови, кои што луѓето може да ги однесат дома и да се самотестираат со цел да проверат дали имаат ковид-19.
Австралиските држави се повеќе ги поттикнуваат лицата со симптоми на ковид-19, како и оние кои биле во контакт со лице кое имало симптоми или било болно од ковид, да се самотестираат со помош на РАТ дома, а доколку тестот покаже позитивен резултат, истиот да го пријават кај надлежните здравствени служби.Ова е многу попрактично отколку луѓето да одат во државните клиники за да направат ПЦР тест, освен ако тоа се побара од нив.
Следете ги кусите упатства за употреба на брзиот тест на антиген.
Постапка 1- Земете примерок
Source: SBS
Постапка 2 - Извадете го примерокот
Source: SBS
Постапка 3 - Тестирање на примерокот
Source: SBS
Постапка 4 - Прочитајте го резултатот
Source: SBS
Ако резултатот од вашиот тест е позитивен на ковид-19, повеќето држави и територии сега наложуваат тој резултат да го пријавите во министерството за здравство во вашата јурисдикција.
За да дознаете кои рестрикции се на сила во текот на пандемијата на ковид-19, на вашиот јазик, притиснете на овој .
Формулари за регистрација на резултатите од РАТ тестовите во државите и териториите
Изолација и рестрикции во државите и териториите:
Патувања
Финансиска помош
Се воведуваат промени за финансиската помош COVID-19 Disaster Payment кога државите ќе достигнат ниво од 70% и 80% потполно вакцинирани граѓани:
- Вести и информации на над 60 јазици на:
- Релевантни упатства за вашата држава или територија: , , , , , , .
- Информации за .