Физичката активност и одржувањето на урамнотежена исхрана се две работи што можете да ги правите на дневна основа за да го одржите добро вашето здравје, вели професорката по физичка активност и здравје Ен Тидеман.
Други вклучуваат ограничување на потрошувачката на алкохол, откажување од пушење и одржување на социјална поврзаност.
1. Физичка активност
Професорката Тидеман вели дека има многу докази дека физичката активност го промовира не само физичкото, менталното и социјалното здравје, туку и го спречува почетокот на болеста на постара возраст.
Она што човекот го прави денес или оваа недела може да биде од корист во иднина, објаснува експертот од Универзитетот Сиднеј.
Во однос на тоа колку физичка активност треба да учествува кај поединецот, професорката Тидеман укажува на , кои даваат препораки во зависност од возраста и дали лицето има хронично заболување или попреченост.
"Главната порака со физичката активност е дека таа е добра за секого, без разлика на која возраст или ниво на попреченост сме.
"И дури и ако не можете да го исполните потребното ниво на физичка активност што се препорачува во упатствата, ние исто така знаеме од навистина јасно истражување дека секое вежбање или физичка активност е корисно и дека правењето малку повеќе отколку што правите моментално ќе донесе здравствени придобивки за вас“.
Таа објаснува дека физичката активност може да има повеќе различни форми и не мора да биде одреден спорт или група за вежбање.
"Можете во вашето слободно време да излегувате на прошетка или тоа може да бидат вашите домашни задолженија, па така правењето активности низ куќата, градинарството, сите тие работи го промовираат здравјето“.
2. Одржувајте урамнотежена исхрана
Професорката Тидеман вели дека е важно да се одржува урамнотежена исхрана за да се намалат долгорочните фактори на ризик за разболување и да се намали ризикот од дебелина.
Здравата храна во вашата исхрана е добра за да го поттикне вашето тело, да ги одржува коските силни и да имате повече енергија.
"Сите тие работи се навистина важни, јадење урамнотежена исхрана, не премногу преработена храна и не премногу шеќер, што е голем проблем во општеството сега“.
обезбедува информации за видовите и количините на храна, групите на храна и обрасците за исхрана.
Тоа ги охрабрува Австралијците да уживаат во широк спектар на хранливи намирници од петте групи на храна, истовремено ограничувајќи го внесот на храна која содржи заситени масти, додатоци на сол, шеќери и алкохол.
3. Ограничете го алкохолот и откажете го пушењето цигари
"Знаеме дека тоа се навистина многу важни опасни фактори за многу болести“, вели проф. Тидеман, во врска со потребата да се ограничи алкохолот и да се откаже пушењето.
Консумацијата на алкохол придонесува за 3 милиони смртни случаи секоја година на глобално ниво, како и за инвалидитет и лошото здравје на милиони луѓе, според Светската здравствена организација.
Податоците на Австралискиот институт за здравје и благосостојба (AIHW) покажуваат дека имало 1.452 смртни случаи предизвикани од алкохол регистрирани во 2020 година, а најголемиот дел (73 отсто) биле регистрирани кај машкиот пол.
, ревидирани во 2020 година, даваат упатства за намалување на користењето алкохол за да се намалат здравствените ризици од пиење алкохол.
Понатаму, Cancer Council , вклучително и вклучување на денови без алкохол и користење на вода за да ја задоволите жедта.
Се проценува дека пушењето убива речиси
4. Одржување на социјална поврзаност
Професорката Тидеман вели дека осаменоста е „голем проблем“ во општеството, а тоа може да се случи дури и кога личноста е опкружена со други, бидејќи често има „недостаток на поврзаност“.
"Се работи за чувство на поврзаност со оние околу вас и чувство на поврзаност со општеството во кое живееме.
"Се се сведува на тоа да се чувствувате како да им значите нешто на другите луѓе, а исто така да покажете дека се грижите за другите луѓе. Целата таа човечка врска е навистина важна“.
Таа вели дека врската може да се постигне на повеќе начини, вклучително и со волонтирање и да се биде активен во заедницата.
"Волонтирањето може да биде начин за промовирање на социјалната врска со другите луѓе кои се дел од група и имајќи некаква комбинирана цел заедно може да биде нешто така што многу луѓе сметаат дека спортот е навистина добар за тоа.
"Имате тимски спорт, сите се стремите кон ист вид на исход и на тој начин сте поврзани“.
Сепак, таа објаснува дека некои луѓе уживаат да бидат сами.
"Дури и ако овие поединци се сами, тие сè уште ја имаат таа врска преку други средства“.
Beyond Blue со користење на различни технологии, вклучувајќи Skype, Zoom, FaceTime и апликациите како House Party кои им овозможуваат на луѓето да се поврзуваат во групи преку видео разговор.
Организацијата, исто така, препорачува закажување редовни социјални средби, вклучително и клубови со книги, семејни вечери, забави за танцување или само вечерни разговори со пријателите.
5. Проверете се самиот себе и за оние за кои се грижите
Заклучувањата за време на пандемијата со КОВИД-19 беа добар пример за тоа зошто има потреба да се грижите за себе и за луѓето за кои се грижите, вели проф. Тидеман.
"Мислам дека тоа е навистина важно. Знам дека, како пример, би се загрижил за постарите родители кои се затворени или да се сигурам дека го имаат она што им треба.
"Но, честопати не сфаќате дека сте под многу стрес и анксиозност. И затоа, навистина е важно само да се проверите себеси и да бидете сигурни дека правите работи што се добри за вашата благосостојба“.
што едно лице треба да ги проверува неделно за своето ментално здравје, вклучувајќи ги чувствата, телото, спиењето и мислите.
Читателите кои бараат поддршка може да контактираат со Lifeline за 24 часовна подршка на 13 11 14, Suicide Call Back Service на 1300 659 467 и Kids Helpline на 1800 55 1800 (за млади луѓе на возраст од 5 до 25 години).
ги поддржува луѓето од културно и јазично различно потекло.