Key Points
- Една нова студија АНУ покажува дека секој десетти Австралиец доживеал долгорочен КОВИД
- СЗО известува за десет отсто пад на глобалните случаи на КОВИД
- Бивалентната вакцина на “Модерна” сега им е достапна на Австралијците
- Жителите на Западен Сиднеј се чувствуваа предмет на намерна расна дискриминација за време на заклучувањата
Задолжителната самоизолација за лицата со КОВИД-19 низ австралиските држави и територии, заврши денеска, 14 октомври.
Исплатата за катастрофи за пандемиско отсуство - The Pandemic Leave Disaster Payment, исто така, заврши, освен за хонорарните работници во секторите за нега на стари лица, грижа за лица со инвалидитет, абориџинска здравствена заштита и болничка нега.
NSW Health рече дека работниците што работат во услови на висок ризик, а кои се позитивни на КОВИД-19, треба да се вратат на работа по седум дена и само ако се без симптоми.
Известувањето за резултатите од РАТ е сè уште задолжително во некои држави и територии.
Повеќето правила за КОВИД-19 се отфрлени, освен за носење маски за лице, во услови со висок ризик и задолжителна вакцинација за здравствените работници во земјата.
Една нова студија од “Австралискиот национален универзитет” - The Australian National University, покажува дека секој десетти Австралиец имал долгорочен КОВИД.
Водечкиот автор, професорот Николас Бидл, рече дека луѓето кои доживеале повеќе симптоми или долго време имале КОВИД, веројатно ќе пријават значителен пад на нивната благосостојба.
Австралијците сега можат да пристапат до бивалентната вакцина на Moderna која го таргетира оригиналниот вирус КОВИД и подваријантата BA.1 на Omicron.
Сепак, експертска група на Светската здрвствена организација - СЗО, рече дека сегашните податоци се недоволни за да препорачаат каква било бивалентна вакцина.
Гардијан објави дека минатиот месец, Австралија фрлила околу 20 отсто од својата вакцина против Ковид, поради ниски стапки на вакцинација со засилувачка доза т.н бустер.
Сепак, државата е сè уште е под ниво на расход на вакцина со повеќе дози, утврдено од СЗО како прифатливо, а кое изнесува е помеѓу 15 и 40 проценти.
Извештајот од “Австралискиот католички универзитет”- the Australian Catholic University и “Обединетиот синдикат на работници” - the United Workers Union, забележа дека за време на заклучувањето на пандемијата, жителите на најмултикултурните предградија на Сиднеј во Западен Сиднеј, се чувствувале цел на расна дискриминација, во споредба со богатите источни населби на Сиднеј.
„Жителите на Западен Сиднеј и другите единици на локалната самоуправа, коишто се предмет на загриженост, беа принудени да се соочат со построги ограничувања на физичката мобилност и полициски час во текот на ноќта, отколку на другите места во Сиднеј“, се вели во извештајот.
Западна Австралија одлучи да ги намали државните клиники за вакцинација. Сепак, вакцините сè уште се достапни кај општите лекари и аптеките кои учествуваат.
Новото моделирање сугерира дека следниот бран во Јужна Австралија ќе го достигне врвот на почетокот на декември. Сепак, се очекува да биде послаб од претходните.
Се очекува околу Божиќ државата да има најголем број болнички приеми.
Независна работна група за СОВИД-19 и други пандемии откри дека потеклото на КОВИД-19 е „најверојатно зоонотично“, што значи дека вирусот преминал од животни на луѓе.
Понатаму, работната група не најде „проверливи или веродостојни докази“ дека КОВИД-19 потекнува од лабораторија.
Бројот на нови неделни глобални случаи е намален за 10 отсто, а смртните случаи за еден отсто за неделата што завршува на 9 октомври, објави СЗО во својот најнов извештај.
Германија, Кина, Франција, САД и Италија пријавија највисоки неделни случаи на глобално ниво.
Најдете клиника за тестирање за КОВИД-19:
Доколку сте позитивни, регистрирајте ги вашите резултати од РАТ овде
__________________________________________________________________________________