Latest

КОВИД достигнува врв во Нов Јужен Велс и во Квинсленд, жителите повикани да носат маски

Ова е најновиот месечен извештај (декември 2023), за КОВИД-19 во Австралија.

SYDNEY AIRPORT XMAS DELAYS

Travellers arrive and depart at Sydney Domestic Airport in Sydney, Thursday, December 22, 2022. Millions of people will pass through Australia's airports this Christmas, with travellers being urged to be patient if delays occur. Source: AAP / NIKKI SHORT/AAPIMAGE

НАЈВАЖНИ ПОЕНТИ:
  • До 31 декември, сите жители на Викторија можат да пристапат до бесплатни брзи тестови .т.н РАТ тестови
  • Шефот на СЗО изрази загриженост поради појавата на КОВИД во Кина
  • Јужна Австралија од вчера (23 декември) дели бесплатни маски
Главниот медицински директор во Нов Јужен Велс, д-р Кери Чант, рече дека четвртиот бран на КОВИД-19, го достигнал врвот во државата, но предупреди дека преносот останува висок во заедницата.

„Сè уште бараме луѓето да носат маски во болниците и установите за нега на стари лица, и важно е луѓето да се усогласат со тие барања во тие локации“, рече таа.

„Маските исто така го намалуваат ризикот и се препорачуваат во преполни затворени простори. Никогаш не знаете кој е ранлив околу вас.”


Главниот здравствен директор на Квинсленд, д-р Џон Џерард, рече дека има значителен пад во бројот на самопријавени, брзи антигенски тестови (РАТ), на стапката на позитивност на ПЦР тестот, на повиците на брза помош, како и на бројот на позитивни случаи меѓу жителите во домовите за нега на стари лица.
Во петокот, Нов Јужен Велс објави 38.610 нови неделни случаи на КОВИД во споредба со 40.695 случаи претходната недела.
Слично на тоа, Викторија пријави 24.238 нови неделни случаи, во споредба со 24.652 претходната недела.
До 31 декември, сите жители на Викторија можат да подигнат по две бесплатни пакетчиња од брзите тестови за КОВИД, од кој било државен центар за тестирање.
Сепак, од 31 декември, Викторија ќе ги затвори сите државни клиники за тестирање со PCR, како и мобилни услуги за вакцинација.


Од 23 декември, Јужна Австралија ќе дистрибуира бесплатни маски за лице, на метрополитенските локациите за патолошко тестирање ширум државата.

Јавните и приватните болници во Јужна Австралија бараат посетителите да носат маски. Локациите за патолошко тестирање со т.н ПСР-тестови во државата, ќе останат отворени за време на празниците, но вообичаените часови може да се променат како одговор на побарувачката.

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејесус, изрази загриженост поради појавата на КОВИД-19 во Кина.

„Продолжуваме да ја повикуваме Кина да ги сподели податоците и да ги спроведе студиите што ги побаравме“, рече тој на прес-конференција.

Д-р Гебрејесус рече дека пандемијата КОВИД-19 значително се намалила годинава, а глобалната епидемија на мајмунски сипаници исто така слабее.

„Се надеваме дека секоја од овие вонредни состојби ќе биде прогласена за завршена во различни точки следната година.

Јапонија, Кореја, САД, Франција и Бразил пријавија најголем број нови неделни случаи на СОВИД на ниво на земја.

Следниве кризни и информативни услуги се достапни за време на празниците:

– 13 11 14. За лица кои се глуви или наглуви, испратете порака Лајфлајн на 0477 131 144

Пристап до тимот за ментално здравје Mental Health Team - 1800 629 354 или 02 6205 1065

Услуга за повратен повик поврзана со самоубиственост – 1300 659 467

Најдете клиника за тестирање за КОВИД-19

__________________________________________________________________________________

Доколку сте позитивни, регистрирајте ги вашите резултати од РАТ овде

Пред да заминете во странство, проверете ги најновите барања и совети за патување Еве помош за разбирање на жаргонот за КОВИД-19 на македонски јазик Прочитајте ги сите информации за КОВИД-19 на македонски јазик на порталот SBS Coronavirus

Share
Published 24 December 2022 5:13pm
Updated 24 December 2022 5:20pm
Presented by Maja B.Talevska
Source: SBS


Share this with family and friends