Најнови информации за КОВИД-19: Хоспитализациите во Викторија се искачија на 571, во Нов Јужен Велс пад на бројот на примени на Интензивна нега

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 27 мај 2022 година

People cross Bourke Street Mall in Melbourne, Sunday, March 20, 2022. (AAP Image/Diego Fedele) NO ARCHIVING

People cross Bourke Street Mall in Melbourne. (file) Source: AAP Image/Diego Fedele

Во петокот, Австралија забележа 28 смртни случаи од КОВИД-19, вклучително девет во Нов Јужен Велс и Викторија, и седум во Квинсленд. Западна Австралија објави историска бројка од 11 смртни случаи дневно.

Викторија регистрира 571 лице примено со КОВИД-19 во болниците, што е највисока бројка од 4 април до сега. За прв пат во изминатите три недели, Западна Австралија пријави под 10.000 нови инфекции.

Нов Јужен Велс пријави 34 лица со КОВИД-19, примени во Одделот за интензивна нега, што е најниска бројка од 4 април до сега.

Проверете ги најновите трендови КОВИД-19 за нови случаи, хоспитализации и смртни случаи во Австралија.
Во сабота, 28 мај, Јужна Австралија организира Ден за вакцинација во заедницата. Некои локални совети и “Австралискиот Црвен крст”, ќе обезбедат бесплатен превоз за луѓето на кои им е потребна помош за да стигнат до клиника за вакцинација против КОВИД-19.

Во својот неделен извештај за КОВИД-19 и грип, NSW Health забележа пад од 7,1 отсто во стапката на PCR тестирање. Се вели дека преносот на КОВИД-19 во заедницата е стабилен, но случаите на грип низ државата се зголемуваат.
NSW Health ги повика луѓето да ги следат симптомите на Легионерската болест (легионелоза, пневмонија), доколку во изминатите десет дена биле во сиднејскиот Централен бизнис дистрикт  - CBD.

Петмина жители кои се заразиле со бактериската болест поминале извесно време во CBD во изминатите три недели. Сите петмина се лекуваат од пневмонија во болница.

Симптомите на Легионерската болест вклучуваат висока температура, треска, кашлица и отежнато дишење. Симптомите може да се развијат до десет дена од моментот на изложување.
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

__________________________________________________________________________________________________________________________________

Најдете клиника за тестирање за КОВИД-19

__________________________________________________________________________________________________________________________________

Доколку сте позитивни, регистрирајте ги вашите резултати од РАТ овде

__________________________________________________________________________________________________________________________________

Ако ви треба финансиска помош, 

Еве помош за разбирање нана македонски јазик

__________________________________________________________________________________________________________________________________

Прочитајте ги сите информации за КОВИД-19 на македонски јазик на 


Share
Published 27 May 2022 3:46pm
Updated 27 May 2022 3:50pm
Presented by Маја Талевска


Share this with family and friends