Денеска, петокот, 10 јуни, Австралија забележа најмалку 40 смртни случаи од КОВИД-19, вклучително 19 во Викторија и 11 во Нов Јужен Велс. Исто така, Западна Австралија објави шест смртни случаи.
NSW Health рече дека Omicron's B.1.1.529 во моментов е доминантна варијанта КОВИД-19, одговорна за повеќето нови случаи во државата.
Сепак, процентот на примероци идентификувани како BA.5 се зголеми во последните недели.
Проверете ги најновите трендови за нови случаи, хоспитализации и смртни случаи поврзани со КОВИД-19 во Австралија.
Премиерот на Викторија во четвртокот, (9 јуни) најави еднократна исплатата за здравствените работници, вклулчителни и на клиничкиот и на неклиничкиот персонал, наречена Healthcare Worker Winter Retention and Surge Payment. Исто така ќе биде понудена дополнителна поддршка на оние кои работат ноќни смени. Целиот персонал вработен во јавните здравствени услуги и Брзата помош на Викторија - Ambulance Victoria, ќе има право на исплата од 3.000 долари. Вработените со скратено работно време, хонорарците и новиот персонал вработен од 1 јули, кои се уште ќе бидат вработени на 30 септември 2022 година, ќе имаат право на пропорционален дел на исплата.
Во текот на следните денови, вакцинации против Ковид-19 ќе бидат достапни во привремени центри за вакцинација, лоцирани во десет основни училишта низ Викторија. Во наредната недела ќе бидат затворени и голем број центри за вакцинација.
Во австралиската главна територија, од денеска (10 јуни), во 15.50 часот, трајно ќе биде затворен центарот за тестирање КОВИД-19 во Николс. Персоналот ќе ги преземе операциите во центарот за тестирање во Мичел.
__________________________________________________________________________________________________________________________________
__________________________________________________________________________________________________________________________________
Најдете клиника за тестирање за КОВИД-19
__________________________________________________________________________________________________________________________________
Доколку сте позитивни, регистрирајте ги вашите резултати од РАТ овде