Во четвртокот, Австралија забележа најмалку 45 смртни случаи од КОВИД-19, вклучувајќи 20 во Викторија, 14 во Нов Јужен Велс и шест во Квинсленд. Исто така, Западна Австралија објави еден претходен смртен случај од Ковид, дополнително утврден.
Проверете ги најновите трендови за нови случаи, хоспитализации и смртни случаи поврзани со КОВИД-19 во Австралија.
Квинсленд ги олабави правилата и ограничувањата за КОВИД-19, и покрај зголемениот број хоспитализации во државата. Пријавени се 522 лица со КОВИД-19 во болница заклучно се денеска, петок.
Од 30 јуни, во 1 часот по полноќ, повеќе нема да бидат потребни вакцинации за посета на домови за нега на стари лица, домови за сместување за лица со посебни потреби или затвори.
Исто така, вакцинацијата веќе нема да биде задолжителна за вработените што работат во услови на висок ризик (освен ако тоа не го бара нивниот работодавец), вклучително и градинки, основно и средно образование, затворите, центрите за притвор за млади, стражарите и аеродромите.
Премиерката Анастасија Палашеј рече дека вакцините сè уште се задолжителни за работниците во здравството, болниците, секторот за грижа за стари лица и секторот за грижа за лица со попреченост.
Барањата за тестирање за КОВИД-19 за меѓународни пристигнувања се укинати од 30 јуни. Меѓународните патници до сега требаше да направат тест во рок од 24 часа по доаѓањето во Квинсленд.
NSW Health во својот неделен извештај кој завршува на 18 јуни, рече дека процентот на случаите со BA.4 и BA.5 се зголемил од 23 отсто на 31 отсто во текот на изминатата недела.
Од 77 смртни случаи од КОВИД-19, само 56 (73%) ја примиле третата доза.
Владата на Тасманија соопшти дека жителите сега можат да го подигнат својот брз антигенски тест (RAT) од Клиниката за тестирање за КОВИД-19 Бурни - Burnie COVID-19 testing clinic помеѓу 9 и 13 часот, седум дена во неделата.
Од 15 јули, Западна Австралија ќе ги затвори клиниките за тестирање за КОВИД-19 во болницата Фиона Стенли - Fiona Stanley Hospital, здравствената служба Армадејл - Armadale Health Service, болницата Сер Чарлс Герднер - Sir Charles Gairdner Hospital и јавната болница Мидленд Свети Јован Божји - St John of God Midland Public Hospital
Сепак, бесплатното PCR тестирање ќе остане достапно на повеќе од 60 локации и приватни патологии низ државата.
__________________________________________________________________________________________________________________________________
__________________________________________________________________________________________________________________________________
Најдете клиника за тестирање за КОВИД-19
__________________________________________________________________________________________________________________________________
Доколку сте позитивни, регистрирајте ги вашите резултати од РАТ овде