Австралија забележа најсмртоносен ден од почетокот на пандемијата, со 42 нови смртни случаи пријавени во Нов ЈуженВелс и Викторија.
Сега е задолжително за жителите во Нов Јужен Велс да пријавуваат позитивни резултати од брзиот антигенски тест (RAT) преку апликацијата ServiceNSW, во спротивно, доколку не се регистрира позитивно отчитување ќе следува казна од 1.000 долари, што ќе се применува од 19 јануари.
Од 21 смртен случај евидентирани во Нов Јужен Велс, седум се од петходниот период, еден е маж на 30-годишна возраст, а регистрирани се 34.759 нови случаи.
Околу 90 насто од случаите во Нов Јужен Велс се инфекции со Омикрон, вели главната здравствена директорка Кери Чант.
Викторија евидентира 40.127 нови инфекции со КОВИД-19, а од вирусот починаа 21 лице.
Бројот на луѓе со вирус во болниците во Викторија скокна на 946, што е за 85 повеќе од претходниот ден,112 се на интензивна нега а на 31 им е потребна кислородна поддршка со вентилатор.
Бројот на примени лица во болниците во Квинсленд се искачи на 525, 30 се на оддели за интензивна нега, од кои осум се на поддршка со вентилатор.
По итните здравствени состаноци одржани во среда, деловните сектори ќе ги олабават правилата за изолација поради КОВИД, откако брзиот пораст на бројот на заразени со вирусот доведе до големи проблеми во синџирот на снабдување.
Експертите на СЗО предупредија дека повторната вакцинација со дополнителни дози или бустери на оригиналните вакцини не е корисна стратегија против новите варијанти и упатија повик за нови вакцини кои подобро би штителе од пренесување на инфекциите.
Директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге, вели дека сојот Омикрон е на пат да зарази над половина од Европејците во следните шест до осум седмици.
Повеќе држави поставија формулари за регистрација на позитивните резултати од брзиот антигенски тест (RAT)
Статистика за КОВИД-19:
Нов Јужен Велс евидентира 34.759 инфекции и 21 смртен случај.
Викторија регистрира 40.127 нови случаи и 21 смртен случај. Од нив,18.434 се добиени од брзи антигенски тестови (RAT).
Квинсленд евидентира 22.069 нови случаи, од кои 3.985 се од брзи антигенски тестови, додека во Тасманија се пријавени 1.583 случаи.
За мерките што моментално се во сила како одговор на пандемијата на КOVID-19 на вашиот јазик, притиснете овде .
Карантин и ограничувања во државите
Патување
и Ковид-19 и информации за патување на вашиот јазик
Финансиска помош
Има измени во исплатите за Ковид-19 во случај н катастрофа ( COVID-19 Disaster Payment) кога државите ќе постигнат 70 и 80 проценти потполно вакцинирани:
- Вести и информации на повече од 60 јазици на
- Релевантен водич за вашата држава или теритрија: , , , , , , .
- Информации во врска со вакцините против Ковид-19 на вашиот јазик .
Информирајте се со преведените материјали на NSW Multicultural Health Communication Service