Најнови информации за КОВИД-19: Откриена нова варијанта на вирусот во Австралија, премиерот свика состанок на националниот кабинет

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 15 јули 2022 година

A los viajeros que lleguen a Australia desde Indonesia se les pedirá que caminen sobre alfombras sanitarias

A los viajeros que lleguen a Australia desde Indonesia se les pedirá que caminen sobre alfombras sanitarias Source: AAP Image/James Gourley

Денеска, петок, Австралија објави најмалку 66 смртни случаи од КОВИД-19, вклучително 20 во Квинсленд, 17 во Викторија и 14 во Нов Јужен Велс.

Квинсленд, Западна Австралија и Тасманија продолжуваат да бележат нагло зголемување на бројот на заболени од КОВИД-19 во болниците.

Проверете ги  најновите трендови за нови случаи, болнички приеми и смртни случаи, поврзани со КОВИД-19 во Австралија.
Премиерот Ентони Албанезе свика итен состанок на националниот кабинет, во понеделник.

Се очекува лидерите да разговараат за третиот бран Омикрон и за исплатите за пандемиско отсуство во висина од 750 долари, за работниците кои треба да се изолираат.

Опозицијата, државните премиери и некои пратеници - Лабуристи, побараа од премиерот да ги врати исплатите, барем до крајот на зимата.

NSW Health пријави нова подваријанта на Omicron B.2.75, кај тројца вратени меѓународни патници. Новата варијанта е пронајдена во 10 земји.

Светската здравствена организација го следи B.2.75, но допрва треба да го прогласи за варијанта на интерес или загриженост.

Владата на Нов Јужен Велс планира да обезбеди за ранливите групи бесплатни брзи тестови, бидејќи програмата на федералната влада за пристап со попуст наречена Concessional Access Program, завршува овој месец.

Жителите со поголем ризик од тешка болест се советуваат да направат PCR тест за подобра точност. Тие се повикуваат да направат брз тест (РАТ),  додека го чекаат резултатот од PCR тестот.

Од 18 јули, Нов Јужен Велс ќе им дозволи на невакцинираните лица да ги посетуваат жителите во домовите за стари лица.

Сепак, на установите за нега на стари лица им е дозволено да поставуваат свои барања за посетителите. Слични договори веќе се во сила во Викторија и Квинсленд.

Јужна Австралија и Северната Територија го намалија периодот на реинфекција од 14 недели на 28 дена.


 

__________________________________________________________________________________

__________________________________________________________________________________

Најдете клиника за тестирање за КОВИД-19

__________________________________________________________________________________

Доколку сте позитивни, регистрирајте ги вашите резултати од РАТ овде

__________________________________________________________________________________

Ако ви треба финансиска помош, 

Еве помош за разбирање нана македонски јазик

__________________________________________________________________________________

Прочитајте ги сите информации за КОВИД-19 на македонски јазик на 

 

 


Share
Published 15 July 2022 5:20pm
Presented by Маја Талевска


Share this with family and friends