Најнови информации за КОВИД-19: Нов Јужен Велс и Квинсленд со најнизок број хоспитализации во последните два месеци

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 2 јуни 2022 година

New South Wales and Queensland reported their lowest hospitalisations numbers in the past two months on Thursday.

Western Australia follows New South Wales, Victoria, South Australia and Queensland in providing free flu vaccine shots to residents. (file) Source: AAP Image/Bianca De Marchi

Во четвртокот, Австралија објави најмалку 46 смртни случаи од КОВИД-19, вклучително 23 во Нов Јужен Велс, 11 во Квинсленд и девет во Викторија. Западна Австралија објави девет смртни случаи.

Нов Јужен Велс пријави 1.066 лица со KОВИД-19 примени во болниците, и 30 лица во Одделот за интензивна нега, што е најниска бројка во изминатите два месеци.

Квинсленд пријави 316 лица со КОВИД-19 моментно во болниците, што е исто така најниско од 4 април до сега.

Проверете ги најновите трендови за нови случаи, хоспитализации и смртни случаи поврзани со КОВИД-19 во Австралија.
Западна Австралија обезбедува до крајот на месецов,  бесплатни вакцини против грип за сите жители. Жителите во Квинсленд, Нов Јужен Велс, Јужна Австралија и Викторија, исто така, имаат право, до 30 јуни, да добијат бесплатна вакцина против грип.

Западна Австралија предупреди на зголемен број случаи на сифилис (бактериска инфекција која обично се шири преку сексуален контакт) во државата. Се вели дека новите случаи се зголемени повеќе од двојно помеѓу 2016 и 2020 година.

Истражувачите од Универзитетот на Нов Јужен Велс во Сиднеј, развија методологија, која го забрзува процесот на изолирање и карактеризирање на ризиците од варијантите на КОВИД-19.

Методологијата може да се користи и за мерење на ефективноста на третманите.

Вакцинациите против Ковид-19 ќе бидат достапни во сабота од 10 до 16:30 часот, во низ Јужна Австралија.

Share
Published 2 June 2022 1:19pm
Updated 2 June 2022 1:22pm
Presented by Маја Талевска


Share this with family and friends