Денеска, понеделник, Австралија забележа 11 смртни случаи од КОВИД-19, вклучително, по пет во Нов Јужен Велс и Јужна Австралија. Исто така, Западна Австралија објави два историски смртни случаи.
Нов Јужен Велс сведочи пораст на бројот на лица примени во болница и на Одделот за интензивна нега во последните три недели. Пријавениот број хоспитализации денеска, понеделник, беше 1.470 наспроти 1.066 на 2 јуни. Приемите на Одделот за интензивна нега се зголемија од 28 на 58 во истиот период.
Слично на тоа, бројот на лица примени во болница се зголеми и во Квинсленд.
Проверете ги најновите трендови за нови случаи, хоспитализации и смртни случаи поврзани со КОВИД-19 во Австралија.
Една нова студија покажува дека, до февруари годинава, најмалку 17 отсто од Австралијците на возраст од над 18 години, се заразиле со КОВИД-19.
Студијата на Националниот центар за истражување и надзор за имунизација - the National Centre for Immunisation Research and Surveillance (NCIRS) и на Универзитетот на Нов Јужен Велс - UNSW Sydney, покажа дека процентот на луѓе заразени со KОВИД-19 е најмалку двапати pogolem од бројот на случаи пријавени кај властите.
Викторија ќе ги олесни тековните ограничувања за КОВИД-19 од петок, 24 јуни, во 24.59 часот.
Позитивните случаи сè уште треба да се изолираат седум дена, но можат да го напуштат домот за да возат член на домаќинството директно до или од образованата институција или на работа, без да го напуштат своето возило.
Тие исто така можат да излезат од дома за да добијат медицинска нега, тест за КОВИД-19 или во итен случај.
Од патниците повеќе нема да се бара да носат маски за лице на терминалите на аеродромот во Викторија. Сепак, маските сè уште се задолжителни во јавниот превоз, такси, споделен превоз, во авиони и во чувствителни услови како што се болниците и установите за нега.
Третата доза вакцината против КОВИД-19 повеќе нема да биде задолжителна за работниците во секторите образование, дистрибуција на храна, месо, преработка на морска храна и сместување во карантин.
Сепак, работниците кои комуницираат со ранливо лице, мора да примат три дози од вакцината против КОВИД-19. Таквите работници вклучуваат резиденцијална грижа за стари лица и грижа за лица со попреченост, здравствена заштита, служби за притвор, и итни случаи и полиција.
Со новите правила, ќе бидат отстранети ограничувањата на бројот на посетители во установите за нега, вклучително и резиденцијална нега на стари лица и инвалидитет. Нема да има ограничување на бројот на посетители што можат да ги видат и посетат жителите во овие објекти, доколку посетителите имаат негативен брз тест (RAT) тој ден.
Центрите за контрола и превенција на болести - The Centers for Disease Control and Prevention (CDC) во Соединетите американски држави одобрија вакцини против Ковид-19 за деца на возраст од шест месеци. Австралија дозволува вакцини против КОВИД-19 само кај деца на возраст од над пет години.
__________________________________________________________________________________________________________________________________
__________________________________________________________________________________________________________________________________
Најдете клиника за тестирање за КОВИД-19
__________________________________________________________________________________________________________________________________
Доколку сте позитивни, регистрирајте ги вашите резултати од РАТ овде
__________________________________________________________________________________________________________________________________
__________________________________________________________________________________________________________________________________