Најнови информации за КОВИД-19: Австралија забележа 27 смртни случаи, сите Австралијци охрабрени да се вакцинираат против грип

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 7 јуни 2022 година

All Australians are being encouraged to vaccinate for influenza

All Australians are being encouraged to vaccinate for influenza Source: Getty Images/Darrian Traynor

Во вторникот, Австралија забележа најмалку 27 смртни случаи од КОВИД-19, вклучувајќи 12 во Викторија, осум во Нов Јужен Велс и пет во Јужна Австралија. Западна Австралија објави два смртни случаи.

Во споредба со претходниот ден, во повеќето држави низ Австралија, има пораст на бројот нови пријавени дневни случаи на КОВИД-19, како и на хоспитализирани.

Викторија пријави највисоки дневни случаи во вторник, каде бројот се зголеми од 7.557 во понеделникот на 9.181 денеска. Квинсленд објави пораст од 2.548 на 4.288 нови случаи.

Проверете ги најновите трендови за нови случаи, хоспитализации и смртни случаи поврзани со КОВИД-19 во Австралија.
Вршителот на должноста главен медицински директор, д-р Соња Бенет, ги охрабрува сите Австралијци кои можат да се вакцинираат против грип, да го сторат тоа. Австралиската влада, преку Националната програма за имунизација (НИП), обезбедува бесплатна вакцина против сезонски грип за групи со поголем ризик од компликации од грип. Тие вклучуваат луѓе од т.н Први нации (домородни жители), мали деца, бремени жени и лица сите постари од 65 години.

Од вчера, Австралиската главна територија ги направи бесплатни, вакцините против грип во Access and Sensory Vaccination Clinic (Клиника за пристап и сензорна вакцинација),  за носителите на концесиски картички. Резервации во Клиниката за пристап и сензорна вакцинација во Вестон, за имателите на картички за концесија и нивните деца, може да се направат со телефонирање на 02 5124 3999 од 08:00 до 17:00, од ​​понеделник до петок.

Од 8 јуни 2022 година, жителите на Канбера на возраст од над пет години, ќе можат да ја добијат вакцината против грип преку фармацевтите во аптеките. Во моментов фармацевтите можат да администрираат вакцини само на оние на возраст од над 10 години.

Сите жители на возраст над 6 месеци во Нов Јужен Велс, Викторија, Квинсленд, Западна Австралија, Јужна Австралија и Тасманија имаат право на бесплатни вакцини против грип во текот на јуни.
__________________________________________________________________________________________________________________________________

__________________________________________________________________________________________________________________________________

Најдете клиника за тестирање за КОВИД-19

__________________________________________________________________________________________________________________________________

Доколку сте позитивни, регистрирајте ги вашите резултати од РАТ овде

__________________________________________________________________________________________________________________________________

Ако ви треба финансиска помош, 

Еве помош за разбирање нана македонски јазик

__________________________________________________________________________________________________________________________________

Прочитајте ги сите информации за КОВИД-19 на македонски јазик на 

 


Share
Published 7 June 2022 8:25pm
Presented by Маја Талевска


Share this with family and friends