Latest

Австралија ги продолжува и по септември исплатите за отсуство поради КОВИД-19

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 16 септември 2022 година.

AUSTRALIA CORONAVIRUS COVID-19

People shop at the Queen Victoria Market. (file) Source: AAP / SCOTT BARBOUR/AAPIMAGE

Главни поенти
  • Лицата принудени да се изолираат пет дена, можат да продолжат да бараат исплати до 540 долари
  • Побарувањата ќе бидат ограничени на максимум три плаќања во текот на шест месеци
  • “Бупа” (Bupa) ќе им врати до 340 долари на клиентите како дел од заштедите од пандемијата
Премиерот Ентони Албанезе, рече дека исплатите за отсуство поради пандемијата КОВИД-19 (COVID-19 pandemic leave payments) за лицата принудени да се изолираат, ќе продолжат и по 30 септември, со сегашните стапки.

Тој рече дека овие плаќања ќе останат достапни, сè додека задолжителниот период на изолација остане ефективен во државите и териториите.

„Се додека Владата бара задолжителна изолација, владата има одговорност да обезбеди поддршка“, рече г-дин Албанезе по состанокот на Националниот кабинет.

Очигледно остануваме на ставот дека ако луѓето се болни, без разлика дали се од КОВИД или од други здравствени проблеми, тие не треба да бидат на работа, и тоа е важно
Ентони Албанезе

Плаќањата за отсуство од почетокот на пандемијата до сега, ги чинеа даночните обврзници повеќе од 2,2 милијарди долари.


NSW Health соопшти дека јавните болници испорачале високо квалитетна нега во јунскиот квартал, и покрај неодамнешниот бран Омикрон и раната зимска сезона на грип.

Беше речено дека поголемиот дел од пациентите на Одделите за итни случаи (62,8 проценти) започнале со лекување на време, а над седум од 10 пациенти (72,5 проценти), биле префрлени од возила на Брза помош на Одделите за итни случаи во рамките на 30-минути, што претставува репер.

„Речиси сите итни изборни операции (98,2 отсто) се направени навреме.”

Клиентите на компанијата за здравствено осигурување “Бупа” (Bupa), следниот месец може да очекуваат паричен надоместок во вредност до 340 долари по полиса.

Компанијата враќа готовина како дел од заштедите од пандемијата.

На 1 ноември се очекува компаниите за здравствено осигурување да ги зголемат премиите.

Најдете клиника за хроничен КОВИД-19:

Најдете клиника за тестирање за КОВИД-19

__________________________________________________________________________________

Доколку сте позитивни, регистрирајте ги вашите резултати од РАТ овде

__________________________________________________________________________________

Еве помош за разбирање нана македонски јазик

__________________________________________________________________________________

Прочитајте ги сите информации за КОВИД-19 на македонски јазик на

Share
Published 16 September 2022 1:32pm
Updated 21 September 2022 9:48am
Presented by Maja B.Talevska
Source: SBS


Share this with family and friends