Најнови информации за КОВИД-19: Австралија бележи 70 нови смртни случаи, додека се подготвува за пораст на инфекциите

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 28 јуни 2022 година

People are seen lining up outside of a retail store in Melbourne, Friday, October 29, 2021. At 6pm, the border between Melbourne and the regions will come down, masks will no longer need to be worn outdoors, indoor entertainment venues, gyms and retail ca

Australian states and territories are bracing for a new COVID-19 wave. (file) Source: AAP/JAMES ROSS

Денеска, вторник, Австралија објави најмалку 70 смртни случаи од КОВИД-19, вклучително 40 во Нов Јужен Велс, 19 во Квинсленд и 11 во Викторија. Исто така, Западна Австралија објави четири дополнително утврдени претходни смртни случаи од Ковид.

Австралиската главна територија продолжува да бележи најголем број хоспитализации од почетокот на пандемијата. Територијата пријави 121 лице со КОВИД-19 во болниците, во споредба со 119 во понеделникот.

Здравствените власти на Австралиската главна територија истражуваат појава на КОВИД-19 во одделението за карцином во болницата во Канбера. Одделот е затворен за нови приеми додека не се спречи епидемијата.

Проверете ги  најновите трендови за нови случаи, хоспитализации и смртни случаи поврзани со КОВИД-19 во Австралија.

Квинсленд продолжува да доживува нагло зголемување на бројот на примени во болница. Во вторникот, државата пријави 593 лица со КОВИД-19 во болница, што е највисока бројка во изминатите два месеци.

Главниот здравствен директор, Џон Џерард, изјави за ABC дека нов бран ја погодува државата со пораст на случаите BA.5 и BA.4. Тој рече дека БА.5 и БА.4 сочинуваат 38 отсто од новите случаи во споредба со под 2 отсто пред четири недели.

Тој ги повика жителите што ги исполнуваат условите, да ја примат третата и четвртата дополнителна доза, бидејќи се очекува хоспитализациите дополнително да се зголемат. Тој, исто така, побара од жителите на Квинсленд да ја проверат нивната подобност за антивирусни лекови КОВИД-19.

Студијата на Националниот центар за истражување и надзор на имунизација - National Centre for Immunisation Research and Surveillance (NCRIS), покажа дека засилената или третата доза на вакцина против Ковид-19 обезбедува 65 отсто поголема заштита од хоспитализирање или смрт од Омикрон, отколку само две дози на вакцинтата.

Студијата беше спроведена за време на највисокиот бран од Омикрон, во јануари и февруари 2022 година во Австралија.

Резултатот од Пописот во 2021 година во вторникот покажа пад на пристигнувањето на нови мигранти во текот на пандемијата во 2020 и 2021 година.

Податоците покажаа дека 165.000 луѓе пристигнале во земјата во 2020 и 2021 година, во споредба со повеќе од 850.000 луѓе помеѓу 2017 и 2019 година.



__________________________________________________________________________________________________________________________________

__________________________________________________________________________________________________________________________________

Најдете клиника за тестирање за КОВИД-19

__________________________________________________________________________________________________________________________________

Доколку сте позитивни, регистрирајте ги вашите резултати од РАТ овде

__________________________________________________________________________________________________________________________________

Ако ви треба финансиска помош, 

Еве помош за разбирање нана македонски јазик

__________________________________________________________________________________________________________________________________

Прочитајте ги сите информации за КОВИД-19 на македонски јазик на 


Share
Published 28 June 2022 4:19pm
Updated 28 June 2022 4:27pm
Presented by Маја Талевска


Share this with family and friends