НАЈВАЖНИ ПОЕНТИ:
- СЗО ги советува бремените и доилките да се консултираат со своите лекари за “веројатните придобивки"
- Австралија не го препорачува Паксловид кај бремени, доилки и жени во репродуктивен период
- Истражувањето од Џонс Хопкинс покажува дека Паксловид е безбеден во бременоста
Светската здравствена организација (СЗО), во својата најнова препорака на 13 јануари, побара од бремените и доилките со лесни симптоми на КОВИД-19 да размислат за Паксловид.
СЗО им предложи на бремените и доилките да се консултираат со своите лекари, за да утврдат дали треба да го земаат овој лек, поради „веројатните придобивки и недостатокот на пријавени несакани дејства“.
Австралијките, сепак, ќе мора да чекаат, бидејќи главниот регулатор за лекови во земјата, Управата за терапевтски производи - TGA, не дозволува употреба на Паксловид (Paxlovid) кај бремени мајки, доилки и жени во репродуктивен потенцијал.
Управата за терапевтски производи - TGA ја одобрува употребата на лекот само во избрани групи со постоечки медицински состојби.
Австралија продолжува со својот став и покрај ажурираните препораки на СЗО.
Министерството за здравство рече дека компанијата“Фајзер” не обезбеди податоци за употребата на Паксловид, кај бремени жени кога TGA ја одобри нејзината првична апликација, на 18 јануари 2022 година.
Затоа, не се препорачува употреба кај бремени жени и доилкиМинистерство за здравство на Австралија
„Ова е во согласност со советите дадени од Европската агенција за лекови (EMA) и Регулаторната агенција за лекови и здравствени производи на Велика Британија (MHRA).
Здравствената директива на владата на Западна Австралија ги советува бремените жени или оние кои планираат дете, да не земаат Паксловид.
„Веднаш јавете се на вашиот лекар ако забремените додека го земате овој лек. Паксловид може да влијае на тоа како функционираат апчињата за контрацепција, фластерите и вагиналните прстени“, се вели во него.
„Треба да користите алтернативна контрацепција или дополнителен бариерен метод, како што е кондом додека земате Паксловид. Разговарајте со вашиот лекар за ефективни методи за контрола на раѓањето“, се додава.
Д-р Ниша Кот, специјалист акушер од Мелбурн, сепак верува дека австралиската влада наскоро ќе ги ажурира своите упатства во согласност со препораките на СЗО и најновите студии.
„Медицинските работници во Австралија не можат да препишуваат Паксловид или кој било друг лек без одобрение од федералната влада“, рече д-р Кот.
Паксловид, откако ќе биде одобрен, ќе служи како дополнителна опција за третман кај бремени жени и доилки. Исто така, ќе им го олесни стресот и анксиозностад-р Ниша Кот, специјалист акушер од Мелбурн
Д-р Кот рече дека повеќето бремени или доилки во Викторија сега пријавуваат благи инфекции со КОВИД-19.
„Ова може да се должи на високите стапки на вакцинација и засилување. Затоа не можеме доволно да ја нагласиме важноста на вакцинацијата против Ковид-19“, рече д-р Кот.
Една неодамнешна студија на медицинско истражување “Џонс Хопкинс” во JAMA Network Open покажа дека бремените лица заразени со САРС-КоВ-2 можат безбедно да земаат Паксловид, за да ја намалат можноста за тешка болест.
Лекот беше добро толериран без докази за зголемување на компликациите, што ги погодуваат родителите кои раѓаат или нивните потомциМедицинско истражување Џон Хопкинс
„Приближно половина од породувањата по третман со нирматрелвир и ритонавир (Паксаловид) биле со царски рез“, се вели во студијата.
Австралиската влада соопшти дека TGA знаела за мали студии за употребата на Паксаловид кај бремени жени и може да размисли за нова или ажурирана апликација од Pfizer.
Сепак, не може да го принуди “Фајзер” да ја испрати апликацијата.
“Фајзер” изјави за SBS дека нема податоци за безбедна употреба на Паксаловид за време на бременост и кај деца кои се доени за време на употребата.
„Жените во репродуктивна возраст треба да избегнуваат да забременат за време на третманот и до седум дена по прекинот на Паксаловид“, се вели во извештајот.
„Доењето треба да се прекине за време на третманот со Паксаловид и седум дена по последната доза на Паксаловид. Нема податоци за луѓето за ефектот на Паксаловид врз плодноста.
SBS е посветен да им ги обезбеди на мултикултурните и повеќејазичните заедници во Австралија сите најнови информации за КОВИД-19. Останете безбедни и информирајте со редовна посета на порталот